Пејачката Лена Чолак беше запросена на најромантичен начин.
Се се случи во Монако, а Лена ја чекаше изненадување на терасата која нуди прекрасен поглед на морето.
Таа објави се во видео на социјалната мрежа Инстаграм, а пораката е особено трогателна.
– Сега и засекогаш! Не се бара сродна душа, сродна душа се препознава. Ти благодарам што ми даде бои на мојот живот и што беше причина за мојата секојдневна среќа. Ти благодарам за љубовта што ми ја даваш и што со тебе подобро се запознав себеси и видов колку можам да сакам. Ти благодарим за ова чудесно изненадување – напиша Лена.
View this post on Instagram
„Честитки од срце“, „Браво, убава си“, „Какво изненадување, чувај се за него“, „Убавица, ти заслужуваш“, се само дел од коментарите.
Да потсетиме, Лена пред извесно време беше во врска со помладиот син на Брена, Виктор, но таа врска никогаш јавно не ја призна.
– Виктор и Лена се познаваат подолго време, бидејќи била ангажирана да пее на приватни прослави на семејството Живојиновиќ. И тогаш му падна во очи на Виктор, но меѓу нив никогаш не се случи ништо – изјавил изворот за „Стар“.
фото: Print screen / Instgaram/lenacolak