Радио Милева ретро

Спомен од детството: Никогаш видена фотографија од децата на Драгана Мирковиќ (фото)

Спомен од детството: Никогаш видена фотографија од децата на Драгана Мирковиќ (фото)

Децата на пејачката Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ, Мануела и Марко до неодамна не беа активни на социјалните мрежи, но ситуацијата се промени.

Дури и самата Драгана во неколку наврати изјави дека и е драго што нејзините наследници не ја изложуваат својата приватност и водат сосема мирен живот.

Сега Мануела на својот Инстаграм профил објави слика која ги воодушеви нејзините многубројни следбеници. Имено, таа сподели спомен од детството со својот брат Марко.

Тие двајца позираа во народна носија, видно насмеани. На споменатата слика се гледа дека на нозете имаат волнени чорапи, како и чизми до глужд, а Марко носел шајкача на главата. Како што налага обичајот, Мануела ги врзала плетенките со црвени машнички.

Таа додаде два насмеани емотикони и црвено срце во описот на сликата, а нејзиниот брат брзо го сподели споменот на својот Инстаграм профил.

фото:Instagram printscreen/ dragana_mirkovic

To top