Мина на својот Инстаграм профил се огласи кратко, а зборовите на водителката ги изненадија нејзините бројни следбеници.
Мина Наумовиќ, сопругата на водителот Огњен Амиџиќ, се породи на 9 март годинава и на свет донесе момче на кое неговите горди родители го крстија Перун.
Младата водителка редовно се огласува на својот Инстаграм профил, а сега сподели објава во форма на приказна која ги изненади сите.
– Како што велат, единствениот кој повеќе лаже од маж кој те изневерил е мајстор кој ќе заврши се до понеделник – напиша таа и додаде насмеано смајли.
Мина и Огњен неодамна се преселија со синот во семејниот стан во Дорќол, кој пред тоа целосно го реновирале, а судејќи по нејзиниот пост, изгледа дека немале најдобро искуство со занаетчиите.
фото: printskrin/instagram