Македонската популарна пејачка Каролина Гочева вчера, на 28-ми април со парче торта и свеќичка го одбележа својот 44 – ти роденден.
Каролина денес, на социјалната мрежа Инстаграм објави кратко бумеранг видео на кое позира со широка насмевска доловувајќи ја славеничката атмосфера и забавата во која целосно уживала.
– Фала другари мои што сте дел од мојот живот, фала и на сите кои ми пишавте и посакавте убави желби. Со секоја година се’ повеќе си ги сакам родендените!
„Cheers“ до следната – напиша таа на објавата која за сподели на нејзиниот профил.
View this post on Instagram
„Имај уште една убава година, поубава од сите претходни“, „Само убавини“, „Лепотица“, „Среќен роденден убавице“… се нижеа честитките и убавите компименити со повод, за кои таа веќе им се заблагодари.
Пријателите заедно со нејзиниот сопруг Михаил , со многу љубов и ја испеале песната за Среќен роденден , што за неа било целосно изненадување, а видео од тој моментот сподели нејзината пријателка и долгогодишна стилистка Цаци Паковска, каде јасно се забележува дека солзите радосници веќе биле присутни на нејзиното лице.
Фото: printskrin/instagram/cacipakovska/karolinagocheva