Мартин од братското дуо „Некст тајм“ и неговата сопруга, ракометарката Андреа, се остварија како родители пред два месеци, а фокусот на нивниот свет сега е само наследничката Лиана.
Секој ден сега е влез во непознатото, чувство на убаво, преголема и неопислива љубов, но и многу предизвици и прашалници за тазе родителите.
Само едно е кристално јасно – Лина е се’ за нив, плод на љубовта која што Бог има ја подари во раце и ги благослови.
Оваа Нова година ја минуваа се знае како, дома во празнична атмосфера, полна трпеза и дом исполнет со радост. Елката никогаш не била поубава и побогата покрај малата облечена во новогодишно бебешко руво.
Убавите сончеви зраци ги искористија и за да ја однесат малку на чист воздух и снег, а секако да направат и по некоја фотка за спомен.
2025 почна најубаво, никогаш повесела и поисполнета кога светот го имаш во раце две!
фото:Instagram printscreen/bl.andrea