Радио Милева Празнина која не се пополнува...

Снеже Велков во мачна дилема и недоумица: „Продолжуваме понатаму“… Да, ама како?

Снеже Велков во мачна дилема и недоумица: „Продолжуваме понатаму“… Да, ама како?

Како што изминува времето од денот на трагедијата која во црно ја зави Македонија, така станува јасно дека животот мора да продолжи да тече понатаму… Иако никогаш многу нешта нема повеќе да бидат исти. Најмногу за семејствата кои ги изгубија најмилите, како и за оние чии најблиски се помеѓу повредените, за македонската естрада, за сите нас и целокупното општество, од кое се дел  и медиумите.

Медиумските работници, новинарите, водителите… сите кои требаша и кога најмногу требаше професионално си ја завршија  својата работа. Со тешко срце, горчина во грлото, гушење во градите, солзи во очите… известуваа, говореа, пишуваа, снимаа, сликаа, објавуваа… Вести, информации, изјави, пресови, коментари, анализи, дебати… Трагедијата беше пренесенена и се уште се анализира од сите аспекти.

Информативните редакции го работат своето од првите моменти по трагедијата, од првиот час и ден… Останатите, оние кои се во доменот на забавата, музиката, разонодата, оное чија задача е да го расположат и развеселат народот, да го забавуваат и релаксираат, рзбирливо останаа неми. Зашто поинаку и не може! Не само заради законската обврска во неделата на жалост, туку многу повоќе од етички, морални, хумани, човечки причини… Ги стопираа своите редовни изданија, а потоа полека ги прилагодуваат на ситуацијата по која тешко се враќаме во нормала. А сакале или не, и покрај се’  – ќе мораме. Мораме да продолжиме понатаму, ама… како?

Токму ова е горчливата и мачна дилема на секој еден новинар или водител од сферата на медиумската забава. Како после се’ да ја споделиш својата и извлечеш туѓата насмевка? Како по вакава катастрофа да предизвикаш радост и опуштање и кај гостинот и кај гледачот, слушателот, па и читателот? Како, кога на ничија душа не и е до смеење, ничие расположение не буди потреба од забава?

Токму ваквата мачна дилема со неверување си ја постави познатата ТВ водителка Снеже Велков. Таа преку свој статус на нејзините инстаграм приказни и самата се прашува како да постапи, што да направи?

„Ние водителите имаме една реченица која често ја повторуваме во емисиите: „Продолжуваме понатаму“!

Никогаш не сум помислувала дека ќе дојдат денови кога оваа реченица ќе биде најтешката да се изговори и спроведе…“ – споделила водителката не можејќи ниту самата да си одговори на дилемата?

„Продолжуваме понатаму“… Да, ама како? Некако… ќе мора! Иако, ништо повеќе нема да биде исто! Зашто ни остана празнина која не се пополнува!

Фото: Инстаграм/velkovsneze

 

 

To top