Радио Милева поетски мултипрактик?

Снеже Велков кажа зошто е добро да бидеш зафатен(а)… ама сполај и’ не кажа од кај најде време да пишува песни? (ФОТО)

Снеже Велков кажа зошто е добро да бидеш зафатен(а)… ама сполај и’ не кажа од кај најде време да пишува песни? (ФОТО)

Македонската ТВ водителка Снеже Велков е мултипрактик. Секоја седмица на ТВ, со ново издание на нејзиното „Нешто конкретно“,  постојано ангажирана во семејната фирма на својот сопруг, неретко и како водител на разни настани и манифестации како последниот „Саем на венчавки“ на пример, патем со мајчинските обврски околу семејството и децата, а на сето тоа и уредно наоѓа време за секојдневните утрински ритуали во вид на физички активности и тоа со ред… Од пилатес вежби до возење велосипед!

Со еден збор, од бели мугри до црна приквечерина,  водителката е – презафатена! И тоа 100%! Таков живот одбрала, па така и го живее… Ангажирана до балчак! Што би се рекло едвај време наоѓа за лична хигиена, за капење и заби миење, по малку одмор и некој час спиење.

Но дека многубројните ангажмани и се дел од животната филозофија, водителката и самата објавила на својота Инстаграм страница. Зашто како што самата вели, зафтен да бидеш е благодет и корист и за умот и за рацете… Оти незафатен човек само беља може да напраи добро никако.

Па затоа Снеже се зафати и песна да состави и напише, па и да ја сподели, за да појасни зошто е добро да не си бајдијалџија. Или по скопски  кажано дане бидеш „џаболебар“!

И браво… Многу убаво кажано, уште поубаво срочено и напишано, само она што остана недоумица, поетесата Снеже допрв ќе треба да го објасни?!

Сполај и’, ако е толку  (пре)зафатена,  од кај најде време да пишува песни? Можеби нејзиното образложение на овие што не знаат да што да прават со себе ќе им олесни? А можеби и поттикне, па на толку слободно време некој од нив и збирка поезија да напише?

ФОТО: Инстаграм/

To top