Аксесоарите се дел оние мали и поголеми дребулии кои најчесто или ја дополнуваат убавината или се носат заради некаков посебен спомен и симболика.
Најчесто кај понежниот пол ја красат главата поточно ушите, па и носот, дури и устата или веѓите, вратот, рацете, прстите на рацете, може и нозете… Со еден збор украси за по цело тело, зашто поединци обетки и пирсови ставаат и таму кај што само привилигирани среќници можат да им ги видат и допрат. На пупачето на пример…
Арно ама не сите имаа храброст да се накитат. Особено не ако украсите бараат боцкање! Е тогаш стравот од дуп(ч)ење преовладува, па неретко многумина се откажуваат од желбата да дупчат уши или што ли веќе.
Снеже Велков е една од оние која како малечка го пргрмела стравот, си го земала редот по таа основа, арнао ама обетките по 4-5 години ги извадила и дупчето зарснало.
Децении подцна Тв водителката и ес пилатес инструкторка одново ќе реши „да се дупчи“, односно да стави обетки на уши. Арно ама траумите од детството изгледа останеле запаметени, па и стравот од дуп(ч)ење останал длабоко врежан во неа се до денес!
Жива исплашена како да оди на стрелање, а не на дупчење (уши), побара да и држат среќа оти наводно многу боли, па откако стигна, се прекрсти и седна или поточно легна, спремна за дупчење… И тоа паралелно, одеднаш од двете страни! И од лево и од десно, истовремено!
А штом ја пробија таму каде што треба, следуваше аплауз и лице покриено со дланките… Од срам дека џабе бил стравот или спонтана реакција – сеедно… Важно е дека беше безболно и можеби по малку чувството непријатно, ама не заради болка, туку од пусти предрасуди дека дупчењето уши боли!
Среќна и задоволна со полна усдта пофалби дека ништо не боли Снеже Велков си замина дома со дупнати уши и на нив нови обетки.
И да… Она што баба и на Снеже Велков и кажувала дека кога на девојче му ставаат обетки очите и доаѓаат до израз – сега не важи. Некогаш можеби да, кога дупчењето било рачно со игла, па додека те дупчат, очите има да ти се ококорат како на був!
Но, очигледно тоа е стара теза, зашто сега додека те дупчат се чувствуваш како принцеза.
Со тоа Снеже Велков и самата го разби митот, дека титулата принцеза зависи од дуп(ч)ачот, а не од принцот! Впрочем, како што се гледа од приложеното во видеото…
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/velkovsneze