Како што отсекогаш сме велеле: „На дамите не им се бројат годините“, но кога веќе самата не ги крие, тогаш редно е да кажеме дека македонската ТВ водителка Снеже Велков, го прослави 43 – от роденден.
Снеже е меѓу ретките кои апсолутно немаат проблем да кажат и покажат која бројка ја ситнат од животот, а како што самата вели годините се тука за да се бројат, но и да се слават, бројка по која сакаме да стои запирка.
Овој пат, а како и секоја година од месец март, Снеже заедно со роденденските фотографии, напиша и сподели еден интересен статус.
Не се броеле годините?
Море се бројат, море се зборат море се слават и ДА, се важат.
И од напред и од позади.
Се важат бе и од левиот и десниот профил
Се важат бе и со вишок и со мањак килограм.
Се бројат и со и без бели влакна.
Се рачунаат и со новата и со старата лична карта.
Се рачунаат дечки и по зимско и по летно сметање на времето.
Се важат дечки и со свиснати гради и тазе белени заби.
Се рачунаат и ако полудиш и ако останеш нормален.
И ако станеш попаметен и ако отупавиш
И ако се разубавиш И ако тро огрдиш
Се бројат море и се слават!
Оти се додека се бројат значи жива си.
43 се овие моите и со римски XLIII
И од денес ставаме запирка за да броиме пак
43,
Да ми врти бројчаникот уште долго!
Да ми живеат бројачите на годините
За Снеже токму сегашниот момент е оној вистинскиот, бидејќи секојдневно му се радува на животот и секогаш утрото го започнува со позитивна мисла, а роденденот е повод плус за денот што го чекаме цела година, да и биде уште поубав.
Среќен да е!
фото:Instagram printscreen/velkovsneze