Радио Милева ај речи НЕ без чувство на вина?

Снеже Велков беше домаќинка, па гостинка во емисија: Двајца соговорници, три поенти – војска, домашен миленик, вибратор и банана… за единствено чувство на блажено задоволство! (ВИДЕО)

Снеже Велков беше домаќинка, па гостинка во емисија: Двајца соговорници, три поенти – војска, домашен миленик, вибратор и банана… за единствено чувство на блажено задоволство! (ВИДЕО)

Снеже Велков во секое ТВ издание на своето ток шоу има „Нешто конкретно“ да праша, да одговори или поентира… И то не еднаш, туку повеќекратно со различни гости, кои и доаѓаат. До душа и гостите секогаш имаат што да кажат, та било тоа во нивна полза или на нивна штета, серизоно или на шега – сеедно! Важно е да е забавно!

Забавно беше и во последното издание, кога покрај останатите лица на гости на водителката и дојде поп пејачката Антониа Гиговска... Меѓу другото падна муабет за мажирте, за тоа какви се денес припадниците на условно посилниот пол, односно дали воопшто се посилен или многумина се пожени од жените? како и тоа дали чарето е во тоа да се врати служењето на воениот рок, за мажите повторно да бидат „мажишта“?

Антониа недвојбено кажа – ДА, дека е за враќање на мажите во војска. И веројатно со полно право. Освен што во нејзиното размислување се провлекува една „фалинка“… Една мала нејаснотија од типот: „Дали Антониа би го чекала 12 месеци саканиот од војска?“ Поточно дали би го дочекала да се врати или тешко ќе му одолее на искушението една година да биде во врска, а сепак сингл? Досегашното искуство покажа дека „верноста“ баш и не и е „посилна страна“. Барем од прикажаното пред бракот!?

Дека Снеже Велков не е само добра домаќинка, туку умее да биде и забавна гостинка кога ќе ја повикаат во некоја друга емисија, уште еднаш покажа откако му ја возврати посетата во неговото „Југо возење“ на битолскиот јутјубер Мими Марковски.

По опсежните „драјв муабети“ дојде време и за подароци, па домаќинот на гостинката и подари еден вредносен ваучер… Само што овој беше за производи од „Пет шоп“ или продавница за домашни миленичиња, што би рекле.

„Маче куче или пиле… нема ништо за сопруг?“ – праша Снеже, (не)намерно сместувајќи го сопругот во категоријата на домашните миленици. До душа, миленик може да ти биде и по дома и надвор од дома, ама ова… Некако незгодно звучи. Сепак, среќа што е подарокот кога е веќе за сопругот, е од Пет шоп, зашто ќе беше уште понезгодно да е од некој секс шоп!? Зашто кога ќе ти го врачат, ај речи НЕ без чувство на вина?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

А кога сме веќе кај „продавницата за играчки за возрасни“, домаќинот ја натера гостинката да раскаже некој виц, а таа одбра токму еден, во кој едниот од двата главни протагонисти може да се најде токму на рафтовите во секој секс шоп, а другиот во пиљара!

Имено, Снеже Велков тргна да раскажува виц за средбата на вибраторот и бананата…

Од она што барем јавно го објавува на својот Инстаграм, а не се во прашање водителските туку готвачките способности на русокосата,  на Снеже со бананата повеќе од добро и оди…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

За евентуална дружба  со „оној што се тресе“  – информациите се недостапни!

Како и да е, обата субјекти од вицот на Снеже Велков даваат единствено чувство… на блажено задоволство!

Фото и видео: Инстаграм/velkovsneze

 

 

 

 

 

 

 

 

 

To top