Радио Милева возбуда од бекстејџ

Слични, а толку различни: Помалата сестра на Андријана Петрушовска се појави пред камери во „Ѕвездите на Гранд“ како поддршка на дада (видео)

Слични, а толку различни: Помалата сестра на Андријана Петрушовска се појави пред камери во „Ѕвездите на Гранд“ како поддршка на дада (видео)

Андријана Петрушовска, скопјанката која две сезони по ред ја прави горда и носи возбуда кај публиката на „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, а сигурно и пошироко, оправдано секое свое претставување го носи до врв.

Така беше и во изминатата и најнова изведба од седмиот круг, кога Андријана едноставно блескаше.

Таа ја отвори вечерта од шоуто и тоа со безвременската „Лихнида“ со која брилираше и го фасцинираше жирито.

Она дека вокално може, и се повеќе од круг во круг покажува и докажува колку умее стилски да се впушти кон интерпретација каква не ја слушнале, а притоа издржано да го изведе репертоарот кој го избрала, веќе е очекувано од неа.

Дека ова е така, не потврдува само нејзиниот ментор Александар Милиќ- Мили, туку и останатите членови од жирито кои редовно ја фалат, ласкаат и фаворизираат, и годинава проверено да биде уште поблизу до она за кое е дојдена – победа!

Нејзина поддршка покрај водителот Воја Недељковиќ редовно има, но најчесто во различна постава.

Овој пат, заедно со неа од Скопје до Белград, поточно до студиото на „Гранд“ патуваше нејзината помлада сестра која посака и таа да застане пред камери и да ја бодри дада, па и да размени збор – два со Војо.

Од она што го видовме е дека Андријана и нејзината помала сестричка се физични слични, но и разлилчни.

Потсетуваат една на друга, но секоја со свој шарм и харизма. Како што претходно изјави нашата позната „Гранд“ ѕвезда, во семејството Петрушовски само таа е талентирана за пеење, музиката е нејзина животна определба, а како прво од трите деца, таа сега е позната, пример за помалите сестра и братче и се разбира нивна гордост.

Осмиот круг е пред Андријана, а не се сомневаме дека повторно ќе воодушеви и ќе блесне како и досега, а семејството очекувано ќе биде најсилната поддршка до неа.

фото:Instagram printscreen/ andrijanapetrushovska

To top