Славица Ангелова, струмичанката која ја освои публика и жирито на „Ѕвездите на Гранд“, е скромна и умерена.
Таа не е многу наметлива ниту на социјалните мрежи, а приватноста ја чува за себе.
Нејзнините кратки приказни ретко ги полни, а го покажува само најважното, најчесто поврзано со нејзините настапи.
Сепак, неодамна сподели една фотографија од приватноста со која ги изненади сите.
Па, така во последно време на мрежите може да се види и другото лице на пејачката која најпрвин ја покажа мајка си, а сега уште еден член од семејството.
Имено, пејачката одлучи да го покаже нејзиниот дедо, Иван Терзиев и тоа со повод, токму на неговиот јубилеен 70 – ти роденден.
„Среќен роденден дедичко“ – напишала таа додавајќи црвено срце во описот на фотографијата, а со тоа ја покажа атмосферата од прославата и како нејзиниот дедо го одбележал роденденот.
Дедо сигурно е премногу задоволен на успехот на талентираната, вокално надарена внука и победничка во регионалмното мзуичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, но многу извесно и идна докторка.
фото: print Screen/ Instagram/slavica.angelova