Драгиша Гудељ, брат на многу попознатиот Немања Гудељ, стави крај на фудбалската кариера.
Гудељ од својот тим се прости и преку социјалната мрежа Инстаграм каде се огласи и Анастасија Ражнатовиќ.
Имено, Анастасија го сподели видеото кое Гудељ го објави на споменатата социјална мрежа, и јавно му испрати зборови на поддршка.
Инаку, видеото што го објави Драги расплака многумина кои го погледнаа.
View this post on Instagram
– Господ има големи планови за тебе, те сакаме – напиша Анастасија.
Да потсетиме, Гудељ на мечот два пати имаше срцев удар. Тоа за прв пат се случи на крајот на 2022 година, на натпреварот помеѓу Кордоба и Расинг Ферола. Српскиот играч само колабираше на теренот, мечот беше прекинат во 11. минута, а Гудељ е пренесен во болница.
View this post on Instagram
За среќа, Драгиша преживеа, иако шпанските лекари истакнаа дека има само 30% шанси да успее. Се опорави, продолжи да игра фудбал, но истото му се случи минатата година.
Гудељ колабираше на теренот на мечот помеѓу Кордоба и Мелиља, сите веднаш се исплашија и потсетија на страшните сцени од крајот на 2022 година, но за среќа Драгиша и ова го преживеа.
фото: printskrin/instagram/raznatovicanastasija