Сите прекрасни нешта“ е нова премиера на анасамблот на Народниот театар Штип во режија на Нела Витошевиќ. Премиерата на претставата е утревечер во 20 часот на сцената на Народниот театар Штип.
Режисерката Витошевиќ на денешната прес-конференција истакна дека депресијата, анксиозноста на младите, самоубиствените нагони се клучните мотиви, кои се проткаени во претставата „Сите прекрасни нешта“.
-Во самиот текст се преплетуваат наративни форми заедно со дијалошки форми, самата претстава нема линеарно време целата се раскажува преку сеќавања на еден 35-годишен човек, сеќавања за неговиот живот кои што се убави сеќавања и лоши сеќавања, се со цел да се потенцира проблемот на менталното здравје, рече Витошевиќ.
Во улогата на синот како возрасен е Ефтим Трајчов Ѓаурски, синот како дете го игра Стефанија Митовска, мајката ја игра Марија Менчева Андонов, такотото го игра Милорад Ангелов, тетката ја игра Ангела Нашкова, улогата на чичкото ја игра Дарјан Петров, девојката на синот е Ава Хусеини, на клавир е Јована Гркова, а на виолончело е Максим Нисев и сценографијата на направил Васил Христов. Актерите забележаа дека претставата ќе предизвика емоции кај публиката, пред се за младите како и нивното справување со паничните напади, депресијата и анксиозноста.
-Јас ја играм улогата на мајката која ги има тие самоубистевни нагони и депресија. Мислам дека после оваа претстава многу луѓе ќе излезат свесни за проблемите кои што ги имаат особено младите со овие депресии, анксиозности и панични напади, вели актерката Марија Минчева Андонов.
Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков изјави дека честа е огромна што токму млади таленти и музичари ќе бидат дел од еден ваков професионален проект.
Актерите и режисерката Витошевиќ забележаа дека имале лесен процес, кој пред самата премиера траел околу 40 дена.