Синот на Снежана Ѓуришиќ, Марко Гвозденовиќ, за прв пат проговори за пеколната тортура низ која поминал.
Покрај бруталните детали, Марко откри и како Снежана реагирала на сето ова. Тој за спрските медиуми Ало и Блиц, истакна дека доживеала многу стрес поради целата ситуација.
– За жал, за прв пат по 45 години кога ја видов, жената беше деформирана. Праша: „Зошто не ми кажа, зошто ова, она…“. Јас реков: „Пушти ме, жив сум. Имаш концерти, пушти ме, мамо, сакам малку да ја спуштам топката“ – вели Марко, а кога го прашале дали може да ги каже сите детали, тој е јасен:
– Не! Не не, не можам.
По насилството, останал со траума со која тешко се справува:

– Можам да заспијам, но кога ќе се разбудам, не се чувствувам добро. Сè уште имам кошмари. Замислете некој да ве зграби за главата и да ве принуди да си ја лижете сопствената крв. Ужасно е, таа слика ми се враќа во соништата, само таа.
Гвозденовиќ тврди дека за време на насилството сфатил дека всушност сакаат да го убијат.
– Ме соблекоа, требаше да ме запалат, ги слушнав како го кажуваат тоа. Донесоа нафта за греење. Сакаа да ме убијат, да се ослободат од мене.
Кога успеа да избега, првото нешто што му паднало на памет беше да повика некого за помош.
– Не можам да ја повикам мајка ми, Снежана ќе убиеше половина град. Ми го скршија и телефонот. Решавам да одам кај човекот со кого живеам, да разговарам со него. Кога ме виде, не му беше добро. Реков: „Јавете се на Вања што живее со мајка ми“. Беше на забава и никому ништо не кажа. Одам да се одморам, и сè ме боли. Се будам, некој тропа на вратата. Мојот син и мојата поранешна сопруга. Браво за неа. Ја повикавме полицијата и отидовме во итната помош – рече Марко.
фото:Instagram printscreen/You Tube/ snezana.djurisic_




