Промотер

Силно деби на македонската музичка сцена: Darkoff го направи првиот – „Чекор“ (ВИДЕО)

Силно деби на македонската музичка сцена: Darkoff го направи првиот – „Чекор“ (ВИДЕО)

На македонската музичка сцена пристигнува музички проект што уште на прво слушање остава впечаток дека не припаѓа на веќе познатите шаблони што секојдневно ги слушаме. Дарко, познат под уметничкото име Darkoff, со своето ново музичко деби “Чекор”, носи комбинација на мелодија со емоција, модерен електронски звук и атмосфера која што може само да се почуствува.

 

Песната ја изведува младата Сара Ташкоска, чии вокал природно се вклопува во целиот емотивен амбиент на проектот. Текстот го напиша познатата Дина Јашари, која воедно се појавува и како пратечки вокал, додавајќи дополнителна интимност и емоција во самата композиција. Музиката и аранжманот пак се целосно дело на Darkoff, додека ко-продукцијата, миксот и мастерингот ги потпишува Андрејник, препознатлив по својата работа на последната песна од Young Dadi насловена “Лидија”.

Она што го издвојува ова младо момче од останатите е неговата музичка и уметничка позадина. Тој уште од својата десетта година одлично свири клавир, а веќе од дванаесетата година е активно посветен и на латино и хип-хоп танцувањето – спој на музика, ритам и движење кое ноже јасно да се почуствува во неговиот авторски израз. Darkoff последните пет години активно компонира музика, а ова е негово прво официјално претсавување пред македонската публика. Според него, на домашната сцена недостасува повеќе мелодичност – музика што има душа, што останува во глава и по завршувањето на песната и што вистински може да допре до луѓето.

Неговиот нов музички проект “Чекор” не е само класична поп песна, не е ниту типичен електорнски музички проект. Станува збор за современа електронска продукција и силно емоционално чувство, нешто што досега ретко се има појавено на македонската музичка сцена во последните години. Токму затоа овој проект звучи свежо, современо и искрено. Видеоспотот пак, носи посебна приказна која не функционира само како визуелен додаток на песната, туку како нејзино продолжение. Видеото претставува комбинација од lyric-визуелизации со филмска естетика и истовремено раскажува приказна за девојка која трага по некого, мечтае и се губи меѓу сопствените чувства. Наместо класична љубовна приказна, видеото носи атмосфера на копнеж, тишина и надеж.

 

Овој нов музички проект на младиот Darkoff остава впечаток на нешто создадено со емоција и јасна визија. Во време кога многу песни звучат слично, тој со “Чекор” се обидува да изгради свој препознатлив правец и звук што ќе има карактер. Со силен тим околу себе и со јасна музичка идеја и визија, ова деби на Darkoff изгледа како почеток на едно ново и поемотивно музичко поглавје на домашната музичка сцена.

To top