Радио Милева желба голема

Што би била Антониа Гиговска ако не е пејачка?

Што би била Антониа Гиговска ако не е пејачка?

Антониа Гиговска ги живее едни од најубавите денови кога кариерата е во прашање, истата и е во нагорана линија, а тоа го докажуваат бројните настапи, посетеноста на истите, новите песни во континуитет, а најмногу успехот на истите кои редовно на трендинг се број 1.

Иако пред две години се омажи и се оствари како мајка, тоа не беше кочница за да работи на себе, на музиката и успешно да жонглира со се’, а притоа да стане се’ подобра и да остане на тоа што го сака најмногу – музиката и пеењето.

Тониа, како што милува да ја нарекуваат, редовно е во комуникација со фановите и армијата следбеници на социјалните мрежи, ако не и најмногу од колегите на естрадата.

Во последната серија „прашање- одговор“, односно тие прашуваат, а таа одговара, Тониа беше прашана што би била ако не е пејачка.

Одговорот беше јасен – глумица!

Спотовите кои редовно ги работи за сите песни,  се просторот и можноста да се докаже во глумата,  а за тоа колку ја бидува и дали е толку одлична како во пеењето, судот ви го препуштаме Вам…

фото:Instagram printscreen/antoniagigovskaa

To top