Веројатно повеќето припаднички на понежниот пол, особено мажените, семејни госпоѓи би помислиле дека за една жена е совршено да има сопруг кој е професионален готвач, па тие да бидат растеретени од оваа нималку лесна домашна задача.
Сепак, секој си ја знае приказната од дома, а за тоа каква е ситуацијата кај шеф Марк Де Јонг и сопругата Василка, ниту тој, а ниту таа не кријат дека не секогаш Марк е главниот шеф во кујна и дома. Василка не ретко е шефицата која приготвува традиционални јадења кои му се омилени на нејзиниот сопруг.
Па така, тој не се штеди ниту на пофалбите дека таа е инзвонредна кога готви традиционални македонски јадења. Сопружниците беа гости во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител, каде споделија детали од нивното домшно мени. На „лиже прсти“ на гравчето од Василка, но има и забележшки.
-Она што Василка го прави по дома, а за тоа и симнувам капа е гравчето“, рече Марк и ѝ се поклони на својата сопруга. Но, она што ѝ го замерувам што не става малку повеќе сланина. Тоа ѝ велам: Малку повеќе сланина, забележа Марк.
Менито на гооспоѓа Василка е богато, а нејзиниот дегустатор секогаш е расположен и за манџа од грашок.
-А грашок манџа што ми прави, обожавам. А бога ми, треба и кило леб за тоа“, рече Марк, презадоволен од се’ она што Василка му сервира.
Кога таа одмара, односно шефот Марк е на ред, тогаш дома имаат специфични јадења за кои таа за разлика од него нема забелешка, само сака да ужива како во јадењето, така и во слободниот ден од готвење.
За потсетување, многумина мислеа дека Марк и Василка се во брак од одамна, тоа не беше така.
Тие нивната љубов ja oфицијализираа на 20 јуни 2021 со потпис во матично и официјално станаа сопруг и сопруга кои и претходно живееја во заедница која пред речиси три години стана официјална.
фото:Facebook/ Mark De Jong и Vasilka Dimoska De Jong