Радио Милева островот на боговите

Шеф Марк и сопругата на роденденска егзотика далеку од дома на одмор за паметење (видео)

Шеф Марк и сопругата на роденденска егзотика далеку од дома на одмор за паметење (видео)

Авантурите на Марк не е само насловот на неговата кулинарска емисија во која патува низ Македонија и ги открива и приготвува нашите традиционални рецепти, туку авантуристичкиот дух на Марк е сеприсутен и кога треба да одмора.

Неговиот избор за летен одмор беше далеку, многу далеку од дома, односно тој и неговата сопруга Василка избраа да патуваат и летуваат на Бали во Индонезија.

Островот познат по феноменалните плажи и бојата на морето не случајно го избраа да се совпадне во периодот и денот кога Марк треба да слави роденден.

Затоа, овој одмор и роденден ќе биде посебен, егзотичен, романтичен и секако полн со предизвици, љубопитство за сите културолошки знаменитости и секако гастрономијата со азиски шмек.

Саканата на Марк, имаше специјална честитка за него која преку заедничко видео од Бали на објави на Фејсбук, а во истата вели:

-Роденденот е потсетник на убавото животно патување…
Ти посакувам бескрајни насмевки, смеа и љубов денес и секогаш. Сè што сакам за тебе е да се чувствувате сакано и прославено. Се надевам дека можеме да уживаме во секој скапоцен момент и да продолжиме да создаваме убави спомени заедно за години што доаѓа СРЕЌЕН РОДЕНДЕН СРЧКО МОЈ

Од сите природни убавини од како што и го нарекуваат „островот на боговите“, Марк и Василка имаа да споделат доста…

На своите следбеници сакаа да им ја покажат нивната глетка од плажа и како го доживуваат моментот, за Василка водата малку топла, а пак за Марк чиста спротивност – или двојката беше со перцепција на поинаква температурна  феквенција.

Се’ на се’, овој роденденскиот одмор на Бали дефинитивно ќе биде назаборавен, посебен и вреден за паметење!

фото: Facebook/ Marc De Jongh

To top