Синот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ, позираше со пријателите и малите деца, а за да не ги збуни луѓето со месото на масата пред нив, истакна дека фотографијата е направена порано.
Младиот боксер и син на музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, е голем верник и гордо го истакнува тоа.
Ражнатовиќ овој период пости, како и многу верници, па се воздржува од мрсна храна и месо, но и од многу други работи кои ги налага божиќниот пост.
View this post on Instagram
Вељко сега на својот Инстаграм-профил објави фотографија со пријателите и синот Жељко, а за да не ги збуни следбениците поради месото на масата, напиша:
– „Тигри“ (потсетување, што би рекол Јован, да не мислат луѓето дека јадеме скара среде постот) – вели во описот младиот Ражнатовиќ.
Она што особено привлече внимание се децата, кои се со нив на маса и уживаат во храната. Малиот Жељко, најстариот син на Вељко, позира додека ги стега мускулите со што сите ги насмеа.
Инаку, многумина коментираат дека неверојатно личи на својот татко Вељко, не само по изглед, туку и по однесување.
фото: print Screen/Instagram