Летото на големо започна, високите температури и неиздржливите горештини се тука, но и низата жешки фотографии на социјалните мрежи кои пејачките секојдневно ги објавуваат.
Натпреварот на „Ѕвездите на Гранд“ за сиве овие години на сцената донесе нови, сегашни и идни ѕвезди, па не се знае која од нив денес е поубава и позгодна. Затоа изборот на неколку жешки фотографии од атрактивните Гранд пејачки кои позираа во бикини и ги покажаа своите извајани тела и бујни облини ви дава можност најзгодната и најсекси, да ја одберете и самите.
Меѓу првите, фотографија од одмор објави Александра Младеновиќ, која со години важи за една од најатрактивните пејачки.
Александра избра бикини со тигрест дезен, кој е многу популарен оваа година, а како и стои проценете сами.
Лавина од коментари и голема помпа во медиумите предизвика и сетот фотографии на Теа Таировиќ, која позираше во костим за капење кој одлично и стои.
Дали е црно – бела или фотографија во бикини со златести нијанси, на која и да е, расната Теа ги покажала сите свои раскошни телесни перформанси.
Фотографии од плажа објави и Николина Ѓекановиќ, поранешна учесничка на „Ѕвезда Гранда“, која својата линија ја доведе до совршенство. Николина позираше во сини бикини на плажа во Италија и доби грст позитивни коментари за нејзиниот изглед.
Ниту Гога Гачиќ не пропушти час, а веќе на самиот почеток на летото своите следбеници ги почести со сет предизвикувачки фотографии од плажа. Атрактивната русокоса предизвика општа врева на Инстаграм, а никој не остана имун на нејзиното витко тело.
Една од најубавите пејачки Николина Ковач позираше во долна облека и ја покажа својата топ форма која ја одржува со години. Николина во една прилика откри како успева да ја одржи женската фигура, но и како успеала да ослабе по породувањето.
Пејачката Драгица Златиќ, која и на одмор се труди да изгледа беспрекорно, привлече големо внимание со своите фотографии, но и со стилскиот стајлинг.
Ако на сцената на „Гранд“ покрај пеењето, нашата Андријана Петрушовска беше запаметена по својот атрактивен изглед, необичните сценски костими, неодоливиот сексапил и магичната привлечност со кои зрачеше, расната убавица на плажа го покажа сиот свој телесен раскош во полн сјај.
И додека позира на зајдисонце седната на песочниот брег, Андријана зрачи со фатална привлечност, неодолив сексапил и „поглед кој убива“… Едноставно, „маѓепсува на прва“!
Длабоко потонатата танга во извајаната обла задница на која се налепиле песочните зрнца, само уште повеќе го потенцира еротскиот набој кој расната убавица го создава и како мирис на скап парфем зад себе го остава, додека со затворени очи позира на брегот под оловното небо на крајот на денот.
Фото: Инстаграм принтскрин