Британско-американската актерка Френсис Фишер (72) се прослави со улогата на строгата мајка на главниот лик Роуз во филмот „Титаник“ во 1997 година, во кој глумеа Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет.
Актерката Френсис Фишер, освен по успехот на филмското платно со филмот „Титаник“, е позната и по врската со познатиот актер и режисер Клинт Иствуд (94), со кој ја има ќерката Франческа Иствуд, која е родена во г. 1993 година.
Франческа, исто така, тргна по стапките на нејзините родители.Таа денес е во врска со личниот тренер Александар Реит со кој го има синот Титан.
Пред нејзината романса со Клинт Иствуд, Френсис беше во брак со Били Мек Хамилтон, со кого се омажи во 1970 година, кога имаше 18 години, но по две години се разведоа. Тој беше нејзината средношколска љубов.
Френсис Фишер својата кариера ја започна во театарот, а значајни улоги играше во сапуницата „The Edge of Night“, како и во филмот „Unforgiven“ од 1992 година, во кој соработуваше и со Иствуд, пишува Мондо.
Со текот на годините, таа изгради значајни пријателства со познатите личности како и останува активна на филмската сцена, за што сведочи и нејзиното појавување во романтичната комедија „Празник“ од 2020 година.
Деновиве таа го привлече вниманието со своето појавување на премиерата на филмот „The Substance“ во Лос Анџелес.
Долго време беше препознатлива по долгата, црвена коса која ја замени со сиви тонови, па не беше лесно да се препознае на прв поглед.
фото: printscreen/you tube/ instgaram