Радио Милева Оскаровка

Се породи познатата актерка: На 43 години го доби третото дете

Се породи познатата актерка: На 43 години го доби третото дете

Холивудската актерка Ен Хатавеј по третпат стана мајка, а приновата ја доби во бракот со сопругот, продуцентот Адам Шулман. Актерката засега го чуваше раѓањето на бебето во тајност, а веста беше потврдена откако беше фотографирана за време на прошетка низ Њујорк со новороденчето.

Оскаровката беше фотографирана како насмеана шета низ улиците на американската метропола, додека внимателно го носи своето бебе во кенгур-носилка. Фотографиите објавени од порталот TMZ се прв доказ дека приновата пристигнала во семејството на познатиот пар.

Ѕвездата на филмовите „Дневниците на принцезата“ и „Клетници“ сè уште не се огласила јавно по повод раѓањето на третото дете, па не ги открила ниту неговото име ниту полот.

Ен и нејзиниот сопруг Адам Шулман веќе имаат двајца синови. Постариот Џонатан има десет години, додека помладиот Џек овој месец ќе го прослави седмиот роденден.

Актерката успеала една од најубавите вести во животот да ја зачува далеку од очите на јавноста, а првите фотографии со новороденчето предизвикаа голем интерес кај нејзините обожаватели.

foto: printscreen/instagram

To top