Една од најпопуларните пејачки на овие простори, Теа Таировиќ, често е инспирација на многу млади поради нејзината енергија со која освојува како на сцената така и надвор од неа.
Во хрватската верзија на шоуто „Твоето лице звучи познато“, младиот пејач и актер Девин Јурај добил задача да се облече како Теа и да ја отпее нејзината песна која се вика како и таа „Теа“.
Имено, тој пред строгото жири и милионската публика се претстави трансформирајќи се во српската Шакира.
Младиот Девин танцуваше како Теа, изведувајќи тешки танцови движења за време на песната „Tea“, танцувајќи во прекрасен златен костим како оние што ги носи ѕвездата на нејзините настапи. Костимот на Јурај кој го комплетираше неговиот сценски настап беше идентичен со оној што го носеше Теа, што дополнително даде печат на неговите добро извежбани движења.
Неговиот настап го воодушеви и жирито и публиката, а по настапот, Девин се огласи на својот Инстаграм за да им се заблагодари на сите и да и се обрати на Теа:
– Се надевам дека оставив добар впечаток, но сепак, со километри сум далеку од брилијантниот оригинал – напиша Девин и ја означи Теа.
View this post on Instagram
Реакција на ова имаше и регионалната ѕвезда Теа Таировиќ :
– Само ќе кажам Wooow! Ова не е одлично, туку фантастично! Мило ми е што сум инспирација за младите луѓе од целиот регион! Изведбата е одлична, убедлива, оригинална! Моја поддршка и големо браво!
фото: printscreen/instagram