Српската старлета и поранешна победничка во ријалити, Станија Добројевиќ, повторно се најде на мета на коментари и потсмев, овојпат поради недвижноста што ја поседува во Рума, а која гордо ја претставува како луксузен пентхаус.
Станија пред неколку години купила стан за кој, според медиумските написи, издвоила околу 150.000 евра. Во него престојува секогаш кога доаѓа во Србија, а на социјалните мрежи во повеќе наврати се пофалила со неговиот изглед.
Сепак, учесниците во ријалити-шоуто „Елита“ имаат поинаква верзија за нејзиниот луксузен дом.
Марко Јањушевиќ Јањуш и Иван Маринковиќ во една прилика разговарале за недвижноста на старлетата, тврдејќи дека станот воопшто не ги исполнува карактеристиките на пентхаус.
„Дали си го видел ти тој пентхаус на Станија?“, го прашал Иван Маринковиќ својот соговорник.

Јањуш веднаш одговорил, повикувајќи се на информациите што наводно ги добил од Асмин.
„Асмин вели дека има 90 квадрати. Човекот што ѝ го продал ѝ тврдел дека има 120 квадрати, а всушност има 90 и воопшто не е пентхаус“, рекол Јањуш.
На ова се надоврзал Маринковиќ, кој со потсмев прокоментирал:
„Таа мисли дека е пентхаус само затоа што се наоѓа на последниот кат“.

Во разговорот се вмешал и роботот Тоша, кој дополнително ја засилил шегата на сметка на старлетата.
„Не знае дека добила гулабарник“, прокоментирал Тоша.
Јањуш продолжил да го коментира станот, не криејќи дека му пречи постојаното истакнување на неговиот наводен луксуз.
„Ми го проби мозокот со тој пентхаус. Не сум слушнал за пентхаус од 90 квадрати. Тие обично имаат најмалку 130 квадрати, па нагоре. Се протегаат преку целата зграда, а на врвот имаат голема тераса“, изјавил Јањуш.

Иако Станија со гордост го покажувала својот дом на социјалните мрежи, коментарите на ријалити-учесниците повторно ја отворија темата за вистинската големина и луксузот на нејзината недвижност.
Сепак, нивните тврдења за квадратурата и начинот на кој станот бил претставен при продажбата засега остануваат непотврдени.
Фото: printscreen / instagram / stanijadobrojevic






