Колумбиската пејачка доживеала непријатност за време на снимањето на спотот со Бразилката Анита, поради што решила да ја напушти сцената.
Шакира и Анита решија да го снимат дуетот „Солтера“, а за време на снимањето, познатата Колумбијка препознатливо танцуваше на импровизирана сцена.
Меѓутоа, некој од публиката сакал да ги злоупотреби заводливите движења, па постојано се обидувал да ја фотографира и сними под фустанот. Кога Шакира го забележала тоа, веднаш нагласила дека тоа и пречи, но на крајот решила да се симне од сцената, за што сведочат видеата од социјалните мрежи.
Shakira leaves the stage after people were filming under her dress whilst she was dancing to her new single. People are GROSS. pic.twitter.com/AxlBw6yFZL
— FEIM (@FeimM_) September 15, 2024
„Шакира не може да ужива во сопствената песна и танц“, „Не се луѓе, тоа се мажи“, „Кој го направил ова нека биде уапсен за сексуално вознемирување“, „Затоа јас одбрав мечка!“, „Чувствувам вознемиреност откако го гледав ова , можам да замислам како се чувствува“… се дел од коментарите.
фото: print Screen/TikTok/Instagram