Секоја кампања на овој ангел на „Викторија Сикрет“ привлекува големо внимание, а таа е заштитно лице и на еден бренд за долна облека.
Убавата Сара Сампајо овој пат работеше рекламна кампања за холандски бренд, а позираше во долна облека и различни корсети.
Манекенката, позната по природниот изглед, уште еднаш ја покажа својата неверојатна фигура облечена во секси долна облека и тантела, а нејзините фотографии набргу го обиколија светот, и привлекоа многу позитивни коментари поради нејзиниот изглед.
Посебно внимание привлече фотографијата во црвената чипкаста долна облека, а без сомнение машкиот дел од публиката најмногу уживал во оваа кампања на убавата манекенка.
Уште кога за првпат се појави на сцената на само 16 годишна возрат, многумина ја нарекуваа наследничка на Адријана Лима. Инаку Сара многу често објавува фотографии без шминка и во сосема природно издание, па затоа е една од ретките „вистински“ убавици.
Во едно интервју за „Vogue“ зборуваше и за тоа што претставува манекенството за неа.
„Манекенството го сметам за форма на уметничко изразување, а голотијата како зајакнување“, вели Сара.
фото:Instagram printscereen/ sarasampaio