Кирил, синот на Сара Костадиновска попозната како Сара Мејс и Димитар Атанасовски наполни 2 години.
Пејачката и водителот редовно се активни на социјалните мрежи па споделија дел од роденденската атмосфера и на Инстаграм.

Кирил заедно со сестра си Илина ги дувнаа свеќичките на тортата која беше поставена на мала масичка додека мама и тато позираа со широката насмевка на лицето препознатлива за нив.

На веселата забава која се одржа во дворот на семејната куќа на Сара и Димитар во Припор, им дојдоа доста дечиња како и нивните пријатели со кои останаа до доцна навечер.
Декорацијата за која се одлучиле била со балони во три бои сина, зелена и бела и еден со бројот два.

Забавата продолжила до доцна навечер па завршиле со весело оро покрај базенот.

„Дојдовме на роденден завршивме на свадба“ – на шега напиша некој од присутните гости.
Се’ на се’ приредиле забава за паметење со повод за што сведочат и објавите на Инстаграм.
фото: printscreen/instgaram/sara_mace




