Радио Милева опуштен изглед

„Само мир и јас во него“ – Пејачката во шестата деценија го покажа лицето без трошка шминка

„Само мир и јас во него“ – Пејачката во шестата деценија го покажа лицето без трошка шминка

Пејачката Индира Радиќ покажа на Инстаграм како изгледа без ни трошка шминка и се пофали со својот младешки изглед на 59 години.

Имено, Индира не се експонира премногу во јавноста бидејќи живее далеку од градската врева, но често се огласува на социјалните мрежи.

Таа сега сподели фотографија со своите следбеници од креветот во целосно опуштен изглед – без ни трошка шминка и со очила на лицето.

„Без шминка, без бучава, нема потреба да бидеш нешто друго. Само мир и јас во него“, напиша фолк пејачката во описот на објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by INDIRA RADIC (@indiraradicofficial)

Радиќ доби бројни комплименти за својот изглед, при што многумина коментираа дека изгледа значително помлада, додека некои се прашуваа дали направила некаква козметичка корекција.

Foto: print screen/Instagram/indiraradicofficial

To top