Поп дивата Јелена Карлеуша отсекогаш била лидер на естрадата кога е модата во прашање. Секогаш е средена и облечена како да се симнала од некоја од светските модни писти.
Јелена на 27 мај гостуваше во емисијата „Ќирилица“ на Миломир Мариќ, а беше во друштво на Александар Вучиќ, Ивица Дачиќ и Милан Кнежевиќ.
Таа блесна, а социјалните мрежи се преполни со пофалби за изгледот на поп дивата, особено за тој посебен детаљ на нејзиното лице.
Станува збор за пеги на лицето, кои моментално се светски тренд.
Не можат сите жени да направат ваков стајлинг, но Јелена уште еднаш докажа дека секој светски тренд и прилега беспрекорно.
Во таа прилика таа носеше софистициран бел фустан до колена, бисери од Шанел, чевли од Кристијан Лубутен, бела чанта Хермес, златна нараквица од Картие и часовник.
А инаку, ако немате природни пеги, секогаш има кафеав ајлајнер.
фото: printskrin/YouTube/Cirilica/TV Happy/karleusastar