ТВ водителката Елена Стојановска викендов славеше роденден.
Таа со нејзиниот младешки изглед привлекува внимание, а со тоа докажува дека за неа годините се само бројка и ништо друго.
Иако е зачекорена во петтата деценија, дефинитивно наликува на девојче, па воопшто не ги крие годините од јавноста.
На роденденската торта Елена ги дувна свеќичките со бројката што содржи деве четворки… 44 со насмевка на лицето.
А дека е комплетно среќна водителката покажа на една од фотографиите кои ги сподели на социјалата мрежа Инстаграм , на која се гушка со сопругот Огнен додека тој прави селфи од нив двајцата.
За потсетување , Елена еднаш откри како го доживува сопругот:
-Мислам дека Огнен е човекот кој што ми е пратен за да ме направи комплетно среќна. Претходно не можам да кажам дека сум била среќна во љубовта. Огнен е мојот прв вистински партнер, момче и сопруг и сѐ“- изјави Стојановска во една прилика.
фото: printscreen/instagram/