Пејачот на „Тропико бенд“ Александар Цветковиќ, попознат како Сале Тропико заврши во болница. Како што дознаваат српските медиуми, на пејачот ненадејно му се слошило во трговски центар, по што набрзо пристигнала брза помош.
Сале е задржан во Ургентниот центар каде во текот на ноќта и утре ќе му бидат извршени дополнителни испитувања за да се утврди причината за вртоглавицата и онесвестувањето.
View this post on Instagram
– Во последните денови Сале беше префорсиран со бројни патувања, настапи и приватни обврски, поради што денешната неподнослива температура веројатно доведе до колапс на неговото тело. Доколку биде задржан подолго време во болница, ќе бидеме принудени да ги откажеме закажаните настани во наредните денови – потврди за медиумите менаџерот на Тропико бенд, Бошко Јанковиќ.
фото:instagram printscreen/ greenoffice