Сандра Решиќ ги изненади сите кога на социјалните мрежи го покажа прстенот на раката, што ги подгреа шпекулациите дека се верила и наскоро ќе се омажи за непознат партнер за јавноста.
Пејачката во интервју за тамошните медиуми раскажа зошто решила да ја сокрие врската, како и дали е подготвена да се исполни како сопруга и мајка.
– Се уште не сакам да зборувам за тоа. Објавив прстен на Инстаграм, но не сакам да го коментирам. Долго време сум во врска, среќна сум и не е тајна.
– Мислам дека животот го ставив на дланка, луѓето знаат се за мене, за татко ми, мојата семејна ситуација… Сепак, решив да не давам повеќе детали за мојот живот. Многумина го искористија доброто, но на грд начин, па сега би сакала да уживам и да чувам некои работи само за себе – изјавила таа.
На прашањето дали е подготвена да се омажи и да стане мајка – таа изјавила :
Не знам, почнав да живеам од денес за утре, но секако дека сакам да имам дете. И да не се омажам, сигурно ќе родам дете, но најмногу би сакала тоа дете да има татко и мајка до него…
фото: printscreen/instagram/sandra_resic