Радио Милева „сите мои слики“

Ружица „Ареа“ со ретро фотка јавно и честиташе роденден на ќерка си: „Јас и мојата Елена која денес е голема“

Ружица „Ареа“ со ретро фотка јавно и честиташе роденден на ќерка си: „Јас и мојата Елена која денес е голема“

Деновиве низ Скопје сигурно забележавте плакат со најава за концерт на добропознатата македонска поп-рок група „Ареа“ која ја 8-ми ноември со голем концерт во СЦ „Јане Сандански“ ќе обележи 25 години од создавањето на албумот „Врати на имагинација“.

„Ареа“ кои три децении опстојуваат со својата макрактност и уникатност на домашната музичка сцена, ќе се потрудат да ги спојат помладите и повозрасните генерации со своите безвременски хитови како „Сите мои слики“, „Одведи ме“, „Биди мој“ и ред други кои станаа еден вид обележје од убавите времиња на македонската забавна музика.

„Ареа“ со повод се подготвуваат за настан кој ќе создаде генерациска синергија, но уште еден таков со причина за здравица имаат и за еден приватен, семеен момент.

Кај Ружица и Ивица Брчиоски професионалното и приватното секогаш се споени, па така е и овој пат зашто бендовски сите ќе наздрават заедно за роденденот на нивната наследничка, ќерката Елена која слави роденден, а наедно  е и придружен вокал во групата.

Мама Ружица обожава да копа по спомените, особено кога на наследничката и е роденден, па така беше и овој пат кога со една ретро фотографија и упати јавна роденденска честитка на наследничката.

-Една сончева слика, јас и мојата ќеркичка Елена Брчиоска пред години, која денес е голема и си слави роденден. Среќен роденден Еленче, нека ти биде овој ден најубав, напиша мама Ружица.

Инаку, наследничката на Ивица и Ружица, младата Елена, по професија е архитект, но музичкиот ген од мама и тато не ја заобиколи.

Таа веќе неколку години настапува заедно со родителите на сцена во составот на „Ареа“ како придружен вокал веднаш до мама.

Среќен роденден!

фото:Facebook/ Ruzica M. Brcioska

To top