Радио Милева демант

Романа Паниќ проговори за односот со Цеца: „Се’ се смени, жал ми е!“ (фото)

Романа Паниќ проговори за односот со Цеца: „Се’ се смени, жал ми е!“ (фото)

Пејачката Романа Паниќ вчеравечер се појави на настан во српската престолнина, а по тој повод искрено проговори за релацијата со Цеца Ражнатовиќ.

Имено, во јавноста многу се шпекулираше за нејзината наводна кавга со колешката Цеца, а Романа сега сето тоа го демантираше.

– Не знам зошто почнаа тие гласини, можеби затоа што не се дружиме интензивно како порано. Се’ се смени, сега пејачите не се дружат како порано, за жал. Ми се допаѓаат тие дружења, каде што сите сме опуштени и каде што има многу музика. Се сеќавам на таквите забави и се надевам дека во иднина ќе наоѓаме повеќе време еден за други – изјави Романа и додаде дека сега го обновила контактот со колешката Светлана:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BLIC TV (@blictelevizija)

-Јас и Цеца сега го обновивме контактот, ја чекам да дојде кај мене, ми вети дека ќе дојде да  проба пица.

Пејачката признала дали некој од нејзините колешки и го свртел грбот во тој период.

– На почетокот изгледаше како никој да не ме поддржува, а потоа кога помина времето и видов дека многу луѓе не се сомневаат во мене. Без разлика на таа тешка ситуација, имав и друга тешка ситуација приватно после тоа, па сето тоа беше причина за некое мое повлекување. Никој не ми го сврте грбот, сега сите се смееме на тоа, а јас заедно со нив – рече таа, па го допре грабежот на банкомат во Австралија:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Romana (@romana_panic)

– Во тој момент се крена медиумска врева и во принцип тоа не влијаеше на мојот живот, освен парите, бидејќи изгубив се’ на банкоматот, ми ја изеде картичката. Се трудам да се сетам само на некои добри работи од Австралија – изјавила Романа, а пренесува Ало.рс.

фото:Instagram printscreen/romana_panic

To top