Пејачката Теа Таировиќ од нејзиното појавување на јавната сцена привлече големо внимание во јавноста поради нејзината напорна и предизвикувачка кореографија.
Поради нејзиното танцување, обожавателите често велат дека таа е „жив оган“ на сцената, а тој епитет таа го оправдува со секој нареден настап.
Теа сега објави видео на својот профил на TikTok и покажа како изгледа една од нејзините танцови проби.
Покрај тоа, таа се пошегува и ја откри тајната на нејзината витка линија.
– Кој сака да ослабне, треба да игра „Позови“ пет пати на ден – напиша таа и додаде емотикон кој плаче од смеа.
фото: printscreen/instagram