Поминаа девет месеци откако популарната пејачка Антониа Гиговска стана мајка, но моментите со приновата многу ретко ги споделува со публиката, речиси воопшто.
Сега, од најновите „стори“ објави Антониа покажа ретка глетка од домашната игра мајка- бебе и тоа како го скокотка на босите ноџиња.
Големите нокти на мама направија Киан да биде сензитивен на скокот уште повеќе, а за Антониа ова беа моменти за да и биде мерак на душа и слатко да се насмее и да го забележи моментот со камера.
Денот очигледно и беше резервиран најмногу за синчето, па откако се нахранија и се забавуваа, дојде време за прошетка низ маало на убавото пролетно сонце.
Се облече во спортски розов комплет со куси панталончиња, опуштена без шминка и фризура, Антониа уживаше во сонцето и прошетката туркајќи ја бебешката количка.
А следно, време за спиење и најпосле време за ошпуштање за мама, а за Киан слатко сонче.
фото: Instagram printscreen/ antoniagigovskaa