Љубов и секс

Време е да раскинете: 4 работи кои никогаш не треба да му ги простите на партнерот

Време е да раскинете: 4 работи кои никогаш не треба да му ги простите на партнерот

Секој од нас го бира својот стил на живот и не е редок случај двајца луѓе да се спојат, но после одредено време да се докаже дека имаат различни цели и идеи за тоа како една врска треба да изгледа, па поради тоа го прекинуваат својот однос.

Постојат бројни начини на кои луѓето искажуваат крајно непочитување и недостаток на љубов, а со личноста која така се однесува, дефинитивно не може да бидете среќни во врска, ниту треба да се трудите околу неа. Едноставно, таа не ве заслужува.

1. Одбива да ви помогне
Колку пати од својата втора половина сте слушнале дека нешто не знае, не може или најлошо од сѐ, не сака? Врската подразбира партнерите да можат да се потпрат еден на друг, меѓусебно да си помогнат и да напредуваат заедно.

Доколку не чувствувате поддршка од својот партнер, тој одбива да ви биде потпора и помошник, навистина немате потреба со него понатаму да кроите планови. Замислете како ќе изгледа бракот со таква личност.

2. Се заканува дека ќе замине
Никогаш, апсолутно никогаш не смеете да дозволите дека некој ве уценува. Колку и вашиот нарцисоиден и себичен партнер да ви говори дека ќе ве напушти поради нешто, што и не е некоја голема причина за раскинување, треба да му дозволите да си оди.

3. Врската не му е на прво место
Работата, семејството и пријателите се важни работи, но не смеат секогаш да бидат пред љубовта. Сите заслужуваат да бидат приоритет на својот партнер. Затоа бидете претпазливи. Добро набљудувајте во која мера ви придава значење во својот живот, а доколку забележите дека апсолутно секогаш сте на второ место, јасно ви е што треба да направите.

4. Предавство
Предавството секако е најочигледен вид на неверство, но постојат и други работи. Изневерената доверба исто така е лоша работа. Не е во ред вашиот партнер да ги изнесува деталите од вашата интима пред своите или вашите пријатели или уште полошо, пред членовите од семејството. Исто така, тајните кои сте му ги довериле секогаш и строго треба да останат меѓу вас.

извор:точка.ком.мк
фото:Freepik

To top