Раперот Реља Поповиќ откри дека тој ја иницирал венчавката со долгогодишната партнерка Николија Јовановиќ, но и покрај големиот интерес за нивната љубовна приказна, не открива многу детали од приватниот живот. По настапот во клубот „Најн“ во австрискиот град Линц, музичарот зборувал за бракот, љубомората во врската и новите музички проекти што ги подготвува.
Реља и Николија со години важат за еден од најпознатите парови на регионалната естрада, но ретко споделуваат детали од својот семеен живот. Затоа информацијата дека се венчале предизвика големо внимание, а раперот сега откри како гледа на овој важен животен чекор.
Иако не сакал да навлегува во подробности за одлуката да стапат во брак, Реља јасно ставил до знаење дека сака одредени моменти да ги задржи само за себе и за партнерката.
„Нема многу да зборувам за тоа. Тоа и понатаму е приватна работа. Со луѓето споделивме онолку колку што сакавме“, изјавил музичарот.
Сепак, на прашањето кој прв ја предложил идејата за венчавка, одговорил без двоумење.
„Јас. Така е редот“, рекол Реља.
Раперот зборувал и за љубомората, особено во контекст на нивните професии, кои подразбираат чести настапи, контакти со обожаватели и постојано внимание од јавноста. Според него, ова чувство не е нешто со кое се оптоварува.
„Има многу поголеми грижи од љубомората. Таа воопшто не ми е на листата со грижи. Затоа и не ја чувствувам. Воопшто го немам тоа чувство“, изјавил тој.

На прашањето кој момент од нивната врска му останал најмногу во сеќавање, Реља ги издвоил неодамнешните прослави, кои за двојката имале посебно значење.
„Овој последниот, за нејзиниот роденден и нашата свадба“, одговорил раперот.
Освен за бракот, музичарот зборувал и за можноста повторно да настапува со групата „Елитни одреди“. Нивните песни предизвикале голем интерес кај публиката за време на концертот во Линц, но Реља засега не планира повторно обединување на групата.
„Тоа е вечно прашање и секогаш истиот одговор: во моментов немам такво нешто во план“, порачал тој.
Воедно, раперот најавил и нов музички материјал што треба да излезе во средината на ноември. Станува збор за три нови песни, придружени со видеоспотови, со кои планира да ја заврши годината.
„Во средината на ноември излегува третата трилогија за оваа година, уште три песни со кои ќе ја завршам годината. Три песни, три спота. Ова досега не сум го кажал никаде“, открил Реља.

Тој додал дека последната песна била завршена само еден ден пред да замине за Линц, изразувајќи надеж дека новите нумери ќе наидат на добар прием кај публиката.
Иако интересот за неговиот брак со Николија не стивнува, Реља останува доследен на својата одлука да не открива премногу од приватниот живот. Во меѓувреме, вниманието го насочува и кон музичките активности, со кои најавува нови содржини за своите обожаватели.
Foto: printscreen/instgaram/reljarelja






