Истражувањата покажаа дека редовниот секс може значително да го продолжи животот. Ова значи дека има добар ефект врз здравјето.
Докторот Дејвид Викс изјави дека редовниот секс, меѓу другото, помага во ослободување на хормони кои добро делуваат на телото, ги зајакнува мускулите и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.
Водењето љубов трипати неделно го продолжува животот за дури 10 години. Редовниот секс ги штити мажите и жените и од рак на дојка и на простата.
Исто така, го поттикнува лачењето на ендорфин, кој влијае на доброто расположение, како и на хормонот окситоцин, „хормонот на љубовта“ кој ја намалува болката и го зголемува чувството на среќа.
Може да ви помогне и полесно да заспиете бидејќи помага во ослободување на хормоните серотонин, окситоцин и пролактин, кои се директно поврзани со спиењето.
Со редовен секс го зголемувате нивото на имуноглобинските антитела, а со тоа го зајакнувате имунитетот и се заштитувате од настинки или треска.
Извор: Кајгана