Раперот Вукадин Гојковиќ или попознат како Вук Моб, ја отвори душата и искрено проговори за најтешкиот период од својот живот, откривајќи ја личната борба низ која поминал далеку од очите на јавноста.
Како што призна Вук, сè започнало пред неколку години, по смртта на неговиот татко, што за него бил огромен емотивен удар. Губењето на неговата главна поддршка се случило само месец и пол по раѓањето на неговата ќерка, што дополнително ја влошило ситуацијата и го турнало во длабока криза.
– Сè започнало пред четири и пол години кога починал мојот татко. Тоа ме скршило целосно и тогаш се повлеков во себе. Почнав да пијам навистина силно, се будам наутро, а веќе сум пијан околу 11 часот и така секој ден. Тешка депресија и темни мисли… ми требаа година и пол, две години да излезам од темнината – искрено раскажал раперот во разговор со јутјуберот.

Во тој период, алкохолот му бил начин да избега од реалноста, но всушност дополнително го влечел во маѓепсан круг на проблеми. Борбата со депресијата траеше речиси две години, во кои ја изгуби мотивацијата за музика и жарот за живот. Сепак, денес тој истакнува дека полека се враќа на вистинскиот пат и дека еден од најтешките животни предизвици е зад него.

Интересно е што раперот неодамна зборуваше за својата финансиска состојба, нагласувајќи дека благодарение на паметните инвестиции и наследството што му го оставил неговиот татко, живее без финансиски грижи.
фото:Instagram printscreen/iamvukmob







