Пејачката Рада Манојловиќ проговори за момент од нејзиното детство кој ја оформил како личност и ѝ одржал важна лекција.
Рада Манојловиќ се осврна на приказните за давање пари, со оглед на тоа што не си обезбедила дом за себе, туку ја реновирала семејната куќа на нејзините родители.
„Ако имам пари, ми требаат за некое лекување, ги штедам за тоа, но ако некому му требаат пари, ќе му ги дадам, бидејќи знам дека пак ќе заработам. Таков тип сум јас, затоа и немам врска со коли и слично. Имав сосед кој беше богат, а кога се лечеше мајка ми, татко ми позајмуваше пари низ селото затоа што немавме, му побара и нему 50 евра што му беа незначителни, а тој рече дека моментално го прави дворот, па нема“, изјави таа за „Puls Srbije“ и додаде:
„Тоа беше неговата петта куќа, сите знаеја дека мама се лекува, сите знаеја зошто ни се потребни парите. Тогаш го мразев тој сосед, како тоа да ме трогна во таа смисла, не можев да сфатам дека некој сиромав ни позајмил, а некој богаташ се однесуваше со нас на поинаков начин. Тоа ме отрезни, па реков дека ако имам пари, секогаш ќе помогнам“.
фото:instagram printscreen/radamanojlovic