Се рони бидејќи е мека и лисната и се прави за кратко време.
Состојки:
900 гр брашно
100 гр брашно за посипување
1 лажичка шеќер
30 гр квасец
1 јајце
1,5 лажички сол
50 мл масло
450 мл вода
1 жолчка за премачкување
Подготовка:
Во сад истурете 900 гр брашно. Одделете 450 мл вода во сад, додадете 1 лажичка шеќер, 30 грама квасец и 2 лажици брашно и добро измешајте за да се активира квасецот. Кога ќе нарасне квасецот, истурете ја смесата во садот со брашното во кое го додавате едно јајце и 50 мл масло и една кафена лажичка сол.
Се замесува тесто, треба да биде средно цврсто. Потоа извадете го од садот на површината каде што сте го посипале брашното и добро месете за да се изедначи. Потоа тестото поделете го на 4 еднакви делови и еден што треба да биде половина од останатите 4 дела. Оставете го тестото да одмори, покријте го.
Потоа извадете го, развлечете го тестото едно по едно за да формирате круг. Растегната кора намачкајте ја со растопен путер, па покријте ја со следната кора и направете ролат. Направете го истото со следните две кори.
Потоа секој од ролатите исечете ги на кришки со дебелина од 2 см и наредете ги во сад за печење кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и сте го премачкале со масло. Наредете едно парче врз друго така што ќе формираат низа како кога домино паѓаат едно врз друго. Најмалиот дел од тестото што сте го одвоиле ставете го во средишниот дел и премачкајте ја кората со обилна количина изматена жолчка.
Посипете семе по желба, чиа или сусам. Покријте со крпа и оставете ја погачата да нарасне.
Загрејте ја рерната на 200 степени и веднаш штом ќе ја ставите погачата намалете ја температурата на 180 степени и печете 30 минути.
фото:Freepik