Радио Милева оригинал фалсификат...

Пуста желба се’ наше што ќе видат и слушнат, да е нивно: Погледнете како Бугарите си го присвоија и распеаниот македонски камионџија Андруш (ВИДЕО)

Пуста желба се’ наше што ќе видат и слушнат, да е нивно: Погледнете како Бугарите си го присвоија и распеаниот македонски камионџија Андруш (ВИДЕО)

Има една песна од кумановскиот крај која своевремено беше користена и во една македонска играна хумористична серија, чиии стихови велат: „Умреја батко Ѓорѓија мори мамо, све што ќе види да је његово…“!

Токму во неа може да се препознаат многу нешта кај нашиот источен сосед, зашто Бугарите кон Македонија и се’ што е македонско токму така и се однесуваат. „Умрени“ од мерак и од желба изгорени се’ што е македонско да биде нивно, се’ што ќе видат и слушнат наше, а е добро, да е нивно.

Меѓу останатото присвоија многу македонски народни, па и новосоздадени народни песни, препејувајќи ги на бугарски јазик или изворно изведувајќи ги со „фалсификувано образложение“ дека се нивни, бугарски!

Последен пример е и човекот кого пошироката јавност во Македонија го запозна како „распеаниот камионџија“ кој се прослави со видеата од својата шоферска кабина, особено со песните на Наум Петерески со кого подоцна станаа и големи пријатели.

Потоа дури и заедно запејаа на „Златна бубамара на популарноста“, а потоа снимија и заедничка песна со наслов „Песна за верни другари“.

Веројатно претпоставувате дека се работи за ресенчанецот  Андруш Ангелковски, кој стана популарен не само во Mакедонија туку и во регионот, па и на Балканот со неговите распеани видео снимки додека вози камион низ Америка, кој за жал летоска имаше сообраќајна несреќа на патот Ресен – Охрид, по што следуваше подолг период на закрепнување.

А кога сме веќе кај Балканот и источниот сосед, токму Андруш и неговите песни се новото „присвоено чедо“ на бугарската лакомост.

Имено, под наслов: „Б’лгарин собра над 1,3 милиони прегледи со оваа прекрасна б’лгарска песна. Една уникатна изведба, испеана од срце и душа“!

Песната – македонска, „Кажи, кажи облаче ле бело“,  која своевремено ја паметиме по изведбата на покјниот Гоце Арнаудов, а „Б’лгаринот“ зад воланот, македонскиот камионџија Андруш Ангелковски од Ресен!

Во текстот покрај видеото пак стои:

„Бугари кои работат  надвор од татковината ги има милиони. Една од најтешките и најодговорни професии е возач на камион. И покрај сите искушенија тие не забораваа кои се и чувството на носталгија многу често провејува во нив. Понекогаш е толку силно што се насобира и извира во форма на народна песна. Имено, народните песни се тој земјен корен кој помага, лекува и прави работата да врви како песна.

Така еден возач на камион , кој така ја пее чудесната бугарска песна „Ја кажи ми, облаче ле бело“, ќе ве остави без зборови со неговата од срце и изведба, исполнета со љубов кон родниот крај. Слушнете и уживајте во ова вистинско исполнение, кое ќе ви ја стопли душата! Прегледано е над 1,3 милиони пати! Поздрав до сите Бугари низ светот!“ – стои во текстот покрај изведбата на нашиот ресенчанец Андруш.

За среќа, кај нашиот источен сосед не се сите граѓани задоени со погрешни политики, лакомост, аспирации и претензии. Па така, една од свесните Бугарки во коментарите под објавата го дала вистинското појаснување за тоа кој е кој и чија е песната:

Па сега вие видете кој е „оригиналот“, а кој подметнува „фалсификат“, прикажувајќи го како свој!

Фото и видео: Јутјуб принтскрин/Andrus Angelkovski

 

 

 

To top