Иако веќе од одамна е вратена да живее во родниот Прилеп, фолк пејачката Елена Велевска не се дели од Охрид за „жива глава“, а причината за тоа една и единствена, најсилна што може- нејзините три деца кои живеат таму.
Македонскиот бисер за Елена е уште поубав кога таа таму ја црпи љубовта од најсаканите, а за да акумулира нова енергија, треба и релаксација за тело и душа.
Па така, откако деновиве беше во медиумски поход во Скопје, Елена реши да се одмора покрај затворениот базен во едн познат охридски хотел каде го распосла сиот свој раскош.

Атрибути за „пу, пу машала“ како што своевремено пееше во својот голем хит, особено бујната предница која дојде во фокус од кадарот на фотографија која ја објави на Фејсбук.
Реакциите од фановите очекувано се редеа, а најмногу од припадниците на посилниот пол кој не додржаа да не ги активираат прстите за да напишат и напишат коментар опчинети од она што го видоа.
Со стас на вистинска жена која е задоволна од себе, но и дисциплинирана тоа да го задржи и одржи…

Затоа тука е теретаната каде Велевска не ги заобиколува тренинзите, а како што секогаш се покажала исполнителна и одговорна во работата, сигурно е така и во себеодностот кој очигледно е фундамент на нејзиниот животен концепт.
фото: Facebook/ Elena Velevska




