Водителката Јована Јеремиќ сподели провокативно селфи на кое позира во бикини.
Јована Јеремиќ често е во очите на јавноста, а сега повторно е мета на коментари, пред се поради нејзината објава на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, водителката позираше во минијатурно блескаво бикини, а во таа прилика ги покажа резултатите од секојдневниот тренинг.
Во видеото кое го сподели, Јована го сервира беспрекорно затегнат стомак, но и остатокот од своето извајано тело кое е полно мускули.
View this post on Instagram
За потсетување, Јована Јеремиќ неодамна за медиумите изјави дека сака вила во Белград од нејзиниот партнер, бизнисменот Драган Станковиќ.
– Би сакала оваа година да се вселам во голема куќа со базен, а куќата да биде, ако е можно, во Сењак. Една убава вила да биде. Секако дека би сакала таа вила да биде на мое име, но ако не, може да биде на негово. Сè што ми е важно е да уживам. Послуга се подразбира . Важно ми е да имам жена која ќе готви и чисти, мое е да бидам газдарица – изјави Јеремиќ за Блиц.
фото: printscreen/instagram