Откако се повлече од јавниот живот, Ана Кориќ живее мирен семеен живот.
Таа стапи во брак со својот сопруг, кого до ден денес го крие од јавноста.
За него се знае само дека е исклучително богат и дека е целосно опседнат со старлетата. Тие двајца неодамна го добија синот Матео.
Ана и нејзиното семејство веќе извесно време живеат во елитниот дел на Белград, а новиот дом го украсиле по свој вкус.
Таа преку својата приказна на Инстаграм често споделува слики од својот луксузен дом, а сега со своите следбеници сподели слика како ужива во дневната соба, додека разменува нежности со својата поубава половина.
Се завиткаа во ќебе и гледаа филм, додека партнерот на Ана и ги масираше стапалата
Во позадина можеме да ја видиме убавината на нивниот дом, кој е целосно направен од стакло.
фото: printscreen/instagram