Мегафон музички настан

Прослава на диско музиката со „Диско принцип“ во „Котур“ – Скопје

Прослава на диско музиката со „Диско принцип“ во „Котур“ – Скопје

Вечерва (20 септември) во мултимедијалниот простор „Котур“ во Скопје ќе се одржи настан со диско музика, наречен „Диско принцпип“.

Во живо настапуваат Македонка, дуото Пепи и Шабан и Тодор Караколев, а музика ќе пуштаат Јоана Ристеска и Стефан Алијевиќ. Колективот „Партизанска штампа“ ќе се претстави со интервенција во простор насловена „Ненаситен дисколаж“.

Настанот го организира Гете институтот во Скопје, во соработка со „Партизанска штампа“, „5060“ и „Канал 103“.

To top