Радио Милева возење во пијана состојба

Приведен Џастин Тимберлејк: Пејачот со црвени очи, одбил алкотест и не смее да вози една година (фото)

Приведен Џастин Тимберлејк: Пејачот со црвени очи, одбил алкотест и не смее да вози една година (фото)

Објавени  се првите фотографии по приведувањето на Џастин Тимберлејк и деталите за неговото апсење во пијана состојба.

Тимберлејк може да се види со крвави очи на фотографиите направени неколку моменти откако бил уапсен во Саг Харбор поради возење во пијана состојба.


На фотографијата објавена од „Daily Mail“ се гледа како пејачот гледа во камерата со „камено“ лице откако го запреле. Тој пиел со пријателите во барот „American Hotel“ во Саг Харбор кога решил да седне зад воланот на своето „BMW“.

Џастин бил запрен, а потоа не сакал да изврши тестирање на алкохол велејќи им на полицијата дека го одбива тоа. Тој исто така им тврдел на полицајците кои го уапсиле дека испил само едно мартини.

Пејачот бил нестабилен на нозе и паднал на теренскиот тест за трезност. Полицијата го опишала Тимберлејк дека има „крвави и стаклени“ очи, силно мириса на алкохол, како и дека има бавен говор и не може да го задржи вниманието.

Објавена е уште една фотографија од пејачот во текот на неговото апсење на која гледа право пред себе додека полицајците го изнесувале.

Тој се изјаснил за невин на краткото судење на кое му било забрането да вози една година во Њујорк, бил ослободен без кауција и од судот излегол носејќи бејзбол капа.

фото: printskrin/Twiter

To top