Радио Милева по свој мерак

Приватен рај:  Андријана Јаневска го покажа најубавиот дел од дворот (фото)

Приватен рај:  Андријана Јаневска го покажа најубавиот дел од дворот (фото)

Пејачката и виолинистка Андријана Јаневска, редовно добива комплименти  дека е една од најзгодните јавни личности на естрадата, а  овој пат на обожавателите им го привлече вниманието со нешто друго.

Таа  е активна на социјалната мрежа Инстаграм  и споделува убави моменти, а сега покажа како изгледа нејзиното омилено цвеќе.

Пејачката, а од неодамна и  доктор на науки ги воодушеви сите со глетката во која  уживала па ја сними за да ја покаже на сите.

Се разбира кога нешто е убаво, вреди да се види и да се покаже барем додека го има  и го негува.

Андријана воодушеви со  дворот уреден по свој мерак  во кој секој би уживал.

Љубичиците наредени една до друга во разни бои ги впивале сончевите зраци додека Андријана со камерата ја доловила  нивната совршеност.

Па така на кратката приказна  заедно со фотографијата  напиша : „Моите љубичици“ .

 

Пејачката со семејството живее во скопско Бардовци во куќа со двор полн со зеленило.

Таа еднаш истакна дека ја сака природата, а нејзината градина дефинитивно  е рајска.

фото: printscreen/instgaram/andrijana_janevska

To top